Линкови за пристапност

Новинарството во фаза на самоуништување, реагираат новинарите


За тоа како да се надмине ваквата состојба, во услови на глобална закана од т.н. fake news, разговараа ЗНМ, новинарскиот синдикат и Владата

„Нашето новинарство според мене се наоѓа во една фаза на самоуништување. Преполно е со спинови, дезинформации, па дури и целосни лаги. Што значи дека во тој квантум на вести читателот тешко може да препознае вистинско новинарство“, вели Ѕвездан Георгиевски од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Тој ја опиша ситуацијата во медиумската сфера со објавување непроверени информации, вести без кредибилни извори, манипулации често со политики позадини.

За тоа како да се надмине ваквата состојба, во услови на глобална закана од т.н. fake news, разговараа ЗНМ, новинарскиот синдикат и Владата.

„Проблемот на создавањето лажни вести и рушењето на стандардите во професијата во многу нешта во изминатиот период, освен што беше проблематичен што новинарството загуби дел од својот кредибилитет, тоа се случуваше и поради тоа што политичарите се обидоа и наметнаа критериуми и услови за работа на медиумите во кои тие не можеа да функционираат така како што треба, и почнаа да се рушат стандардите на професијата“, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Роберт Поповски, министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, вели дека лажните вести се новото оружје за масовно уништување.

„Задираат во фундаментот на секој, на секое семејство, организација, држава“, рече тој.

Еден од начините за враќање на кредибилитетот на професијата е вистинска, а не само декларативна, саморегаулација по пример на западните земји.

„Препоркаите на сите меѓународни организации кои се занимаваат со слобода на медиумите дека никој не треба да ја регулира новинарската професија, освен самите новинари“, изјави Дарко Дуридански од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Поповски додаде дека „саморегулацијата ја има нашата целосна поддршка и секогаш ќе стоиме позади она што еснафот смета дека е најдобро како решение за кое било од овие прашања“.

Една од најпроблематичните сфери се онлајн порталите. ЗНМ во соработка со Советот за етика на медиумите е во фаза на изработка на регистар на професионални онлајн медиуми за полесно препознавање на тоа што е вистински, а што медиум што шири непроверени и лажни вести.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG