Линкови за пристапност

ЗНМ: Медиумите да се ослободат од стегите на политиката и бизнисот


ЗНМ: Медиумите да се ослободат од стегите на политиката и бизнисот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Во пресрет на Светскиот ден на слобода на печатот Гласот на Америка разговара со претставници на медиумите во Северна Македонија, кои се едногласни дека е потребна реформа на медиумската сцена во државата

Иако има подобрување во однос на слободата на медиумите во земјава, генерално состојбата останува лоша велат од Здружението на новинари (ЗНМ). Од таму додаваат дека треба да се направи уште многу за да се промени сегашната состојба. Но, за тоа да се случи вели првиот човек на оваа организација, Младен Чадиковски, ќе биде потребно да бидат исполнети неколку предуслови.

„Едниот е ослободување на стегите кои што постоеја за бизнисот и политиката. Но, за тоа да се случи треба да се осигура независноста на медиумите од државни пари и од бизнис центрите на моќ кои сега ги контролираат на некој начин дел од медиумите. Ние сметаме дека волја постои во носителите на власт, но таа ќе треба да се конкретизира во соодветни законски решенија и во носење на соодветна стратегија“, вели претседателот на Здружението на новинари, Младен Чадиковски.

„Да кажеме дека оние драстични примери на вршења силни влијанија, уцени, закани и насилства, дека ситуацијата во таа сфера се подобрува. Но, далеку сме од ситуација да имаме професионално новинарство, професионално новинарско известување“, вели Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите.

Мора да систематизираме одредени вредности во новинарството кои порано постоеја. Да ги вратиме како такви на сцената, тие да бидат репер и во тоа да се тркаат новинарите. Не да се тркаат во пропаганда, во ширење на дезинформации и лажни вести.
Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ

Од ЗНМ додаваат дека нивна цел е да се реформира и медиумската сцена во земјава.

„Мора да систематизираме одредени вредности во новинарството кои порано постоеја. Да ги вратиме како такви на сцената, тие да бидат репер и во тоа да се тркаат новинарите. Не да се тркаат во пропаганда, во ширење на дезинформации и лажни вести“, вели Чадиковски.

Драган Секуловски директор во ЗНМ вели дека се додека медиумите продолжат да работат во тешки економски услови не може да се зборува за независност на тие медиуми.

„Имаме пријави за одредени притисоци кон одредени медиуми и новинари, во изминатиот период каде одредени високи претставници на коалиционата власт имаа непримерен говор и непримерен однос кон одредени новинари. Ние на тоа реагиравме и укажавме дека тоа не смее да биде пракса. Се надеваме дека ќе не послушаат и дека во иднина ќе имаат разбирање малку повеќе кон професијата новинарство“, вели Секуловски.

За разлика од пред некоја година кога Северна Македонија според Репортери без граници беше на 123-то место во однос на слободата на медиумите, земјава сега бележи благо покачување и се наоѓа на 109-то место. Но, се уште се наоѓа на претпоследното место во Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG