Линкови за пристапност

Медал на слободата за Шимон Перес


Највисоката американска цивилна почест претседателот на САД му ја додели на израелскиот претседател.

Американскиот претседател Барак Обама му додели Медал на слободата, највисока американска цивилна почест, на израелскиот претседател Шимон Перес, за време на официјална вечера во Белата куќа.

Обама во средата го фалеше 88-годишниот Перес, поранешен премиер, како „суштина на самиот Израел – непоколеблив дух што не може да биде пренебрегнат“ во неговиот говор. Американскиот претседател исто така го фалеше Перес како симбол на децениската алијанса меѓу САД и Израел.

При прифаќање на наградата Перес рече дека го вреднува „трајното пријателство“ на Обама кон еврејската држава.

Перес е еден од 13-те лица на кои неодамна им беше доделено ова признание, меѓу кои и Боб Дилан, Џон Глен, првиот американски астронаут во земјината орбита, и поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт. Другите 12 добитници ги примија медалите на церемонија во Белата куќа минатиот месец.

Меѓу присутните на формалната вечера во средата беа и потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон.
XS
SM
MD
LG