Линкови за пристапност

Политичари и спортисти добитници на највисоката цивилна награда во САД


Безбол играчот од Халата на славните Стен Мазал е еден од добитниците
Безбол играчот од Халата на славните Стен Мазал е еден од добитниците

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот ќе се врати во Белата куќа во вторник да го добие престижниот Претседателски медал на слободата, највисока цивилна почест што се дава во САД.

Џорџ Херберт Вокер Буш, 41-от претседател на САД е еден од 15-те истакнати личности кои добиваат медал од сегашниот станар на Белата куќа, Барак Обама. Меѓу добитниците се германската канцеларка Ангела Меркел, американскиот претставник Џон Луис, клучна фигура во движењето за граѓански права во 1960-те, Џин Кенеди Смит, сестра на поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, и поранешен амбасадор во Ирска и адвокат за уметноста и хендикепираните, и – постхумно – американскиот хуманитарен активист Том Литл, очен лекар убиен од Талебан во Авганистан минатиот август додека работел со хуманитарна група.

Двајца легендарни американски спортисти исто така се почестени – безбол играчот од Халата на славните, Стен Мазал, и кошаркарската легенда Бил Расел, кој ги поведе Бостон Селтикс во 11 шампионати на Националната кошаркарска асоцијација.

Медалот на слободата беше востановен од претседателот Хари Труман во 1945 во чест на истакната служба за време на Втората светска војна. Претседателот Кенеди го проширил опфатот на наградата во 1963 за да вклучи достигнувања во интерес на светскиот мир или постигнувања во други области.

XS
SM
MD
LG