Линкови за пристапност

СЗО: процесираното месо можно е да презвика рак


Светската здравствена организација предупредува на канцерогени елементи и кај црвеното месо.

Конзумирањето процесирано месо како салама, колбаси, сланина и виршли, може да предизвика рак, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за истражување на ракот при Светската здравствена организација (СЗО). Агенцијата ги оценувала резултатите од преку 800 студии за поврзаноста на месото и одредени видови на канцер, направени во неколку различни континенти.

Експертите откриле дека конзумирање на само 50 грама месни преработки дневно, го зголемуваат ризикот за развој на карценом на дебелото црево, за 18 проценти. Како резултат, Меѓународната агенција за истражување на ракот, процесираното месо го стави на листа „канцерогени за луѓето“ во иста категорија со тутунот и азбестот, за коишто постојат доволно докази дека се причинители на рак.

Процесирано месо вклучува виршли, колбаси, говедска салама, сушено месо. Месото се процесира на неколку начини, со додавање сол, стврднување, ферментација и „секој друг процес којшто помага во подобрување на вкусот или рокот на употреба“.

Црвеното месо, во меѓувреме, е ставено во групата -„веројатно карценогени за луѓето“. Истражувањата покажале дека конзумирањето на овој вид месо главно предизвикува рак на дебелото црево, но забележлива е и поврзаност со ракот на панкреас и простата.

XS
SM
MD
LG