Линкови за пристапност

Албанија, Чешка, Грција и Британија го изгубија статусот на држави без сипаници


СЗО предупредува на зголемување на бројот на заразени во сите региони во светот, со исклучок на Америка

Речиси 365.000 случаи на сипаници се регистрирани на глобално ниво досега годинава, што претставува најголем број досега, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО вели дека сега има трипати повеќе случаи во споредба со ова време минатата година. Ако се земе предвид дека остануваат уште четири месеци годинава, СЗО предупредува на можно влошување на ситуацијата.

Зголемување на бројот на случаи на сипаници се забележува во сите региони во светот, со исклучок на Америка.

Организацијата нагласува дека светот назадува, и оти не е на пат да ја искорени оваа опасна, но, високо превентивна болест до 2020-та година.

Европскиот извештај, пак, наведува дека Албанија, Чешка, Грција и Британија го изгубиле статусот на држави кои ги искорениле сипаниците.

СЗО вели дека децата не се вакцинираат од различни причини, меѓу кои и погрешни информации за безбедноста на вакцините, што, пак, води до ваквата влошена ситуација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG