Линкови за пристапност

Епидемија на морбили во Рокланд, Њујорк


Родителите можат да се соочат со парична казна од 500 долари или затворска казна од шест месеци ако одбијат да ги вакцинираат нивните деца

Повеќе од 300 луѓе годинава во 15 американски држави заболеле од морбили. Речиси половина од нив се од областа Рокланд, северно од Њујорк.

Поради ова во Рокланд е прогласена вонредна состојба.

„Забранет е пристапот на јавни места за секој што е помлад од 18 години и не е вакциниран против морбили. Епидемијата ќе трае 30 дена или се додека овие лица не ја добијат барем првата доза од вакцината“, рече Ед Деи, од локалната власт.

Полицијата нема да го проверува вакциналниот статус на јавни места како трговски центри, ресторани, автобуси и возови. Но, родителите можат да се соочат со парична казна од 500 долари или затворска казна од шест месеци ако одбијат да ги вакцинираат нивните деца.

Жариштето на епидемијата избувна во православна еврејска заедница. Локалните власти велат дека е многу важно родителите да разберат колку малите сипаници можат да бидат опасни.

„Секој нов случај носи ризик од пневмонија, енцефалитис или оток на мозокот. Може да предизвика и предвремено раѓање, што може да доведе до компликации, па дури и смрт“, вели Деи, додавајќи: „Што е со децата кои се надвор со нивните родители? Што е со бремените жени, со оние кои имаат компромитиран имун систем или имаат некое заболување. Мора да мислиме на сите овие луѓе.“

Некои држави не ја наметнуваат на родителите обврската за вакцинирање на нивните деца, ако така одлучиле од религиозни причини. Стапките на вакцинирање во овие држави драстично опаднаа. Паралелно со тоа се зголеми бројот на случаи на морбили.

Стапката на вакцинирање во САД се уште е висока. Студиите покажуваат дека 94 проценти од децата во САД ја примаат првата доза од вакцините кои што штитат од мали сипаници, заушки, рубеола и други болести кои можат да се превенираат со вакцини.

Но, вакцините кои бараат засилувачи, вклучувајќи ја и вакцината против мали сипаници, имаат пониски стапки на покриеност.

Некои држави не ја наметнуваат на родителите обврската за вакцинирање на нивните деца, ако така одлучиле од религиозни причини. Стапките на вакцинирање во овие држави драстично опаднаа. Паралелно со тоа се зголеми бројот на случаи на морбили.

Некои родители погрешно веруваат дека вакцините можат да предизвикаат аутизам кај децата. Повеќе студии покажаа дека тоа не е точно, вели Др.Френк Еспер, педијатар на Клиниката во Кливленд, бранејќи ја вакцинацијата на децата.

„Се покажа дека овие вакцини се безбедни. Ги тестиравме и ги следевме вакцинираните деца. Знаеме дека се безбедни“, вели Еспер.

Сепак, некои родители не се убедени во ова.

Рокланд пак нуди бесплатно вакцинирање со цел да се стави крај на епидемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG