Линкови за пристапност

СЗО: Бројот на случаи на морбили нагло расте во цел свет


Повеќе од 112.000 случаи од болеста која може да се превенира, но која е многу заразна, се регистрирани во периодот од јануари до март оваа година

Бројот на случаи на морбили во светот во првите три месеци од оваа година е речиси четири пати поголем во споредба со истиот период минатата година, објави денеска Светската здравствена организација.

Од оваа агенција на Обединетите нации, наведувајќи ги прелиминарните податоци, велат дека во периодот од јануари до март во цел свет се регистрирани повеќе од 112.000 случаи од болеста која може да се превенира, но која е многу заразна.

Светската здравствена организација повика на подобра покриеност со вакцинација против морбили, кои кај заболено дете можат да предизвикаат смрт или инвалидитет.

Во последните месеци, според Светската здравствена организација болеста се појави „во земји со висока вакцинална покриеност, вклучувајќи ги и САД, како и Израел, Тајланд и Тунис, додека болеста брзо се шири меѓу невакцинирани лица.“

„Иако овие податоци се прелиминарни и не се целосно комплетни, тие сепак укажуваат на јасен тренд“, велат од Светската здравствена организација. „Во многу земји епидемјата е во фаза на кулминација, додека во сите региони има пораст на бројот на случаи.“

Бројот на случаи на морбили во САД се искачи на 555, што е најголем број во последните пет години. Дваесет од педесет американски држави пријавиле случаи на морбили.

Повеќе од половината од сите случаи на морбили во САД, односно 285 случаи, се регистрирани во Њујорк. Со цел да се запре епидемијата беше наредена задолжителна вакцинација на сите кои не се вакцинирани од морбили.

Здравствените власти ги обвинуваат кампањите против вакцинирање за дезинформирање на заедницата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG