Американскиот центар за контрола и превенција од болести вели дека повеќе од 100 случаи на сипаници биле дијагностицирани годинава во 21 сојузна држава и во главниот град Вашингтон.
Оттаму велат дека моменталната епидемија на сипаници се очекува да ја надмине ситуацијата од минатата година, кога имаше 118 случаи на заразниот вирус, кој се шири во водухот преку кашлање и кивање.
Симптомите вклучуваат осип кој се шири по телото, температура, црвенило во очите и болка во грлото.
Центарот препорачува децата да земат две дози вакцина, не подоцна од нивниот шести роденден.
Возрасните, кои биле авкцинирани како деца, не треба да бидат вакцинирани повторно.
Facebook Forum