Линкови за пристапност

Идната помош за Пакистан неизвесна


Идната помош за Пакистан неизвесна
Идната помош за Пакистан неизвесна

Американски законодавец го предупреди пакистанскиот претседател дека американската помош за јужноазиската држава е под знак прашање.

Конгресменот Мајкл МекКул, републиканец од Тексас, неделава поведе американска конгресна делегација во Пакистан, каде се сретна со претседателот Асиф Али Зардари во вторникот.

МекКул кажа дека му рекол на Зардари оти американскиот однос со Пакистан мора да се промени во светлина на откривањето дека лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен живеел таму, наводно неколку години, пред неговата смрт. Бин Ладен беше убиен во американски напад во пакистански гарнизонски град Аботабад на 2 мај.

МекКул кажа дека разговарал за идејата да се зголеми трговијата меѓу САД и Пакистан како начин да се подобри долгорочната доверба и да се напредне заедничкиот интерес на државите во борбата против тероризмот.

Американскиот законодавец и пакистанскиот претседател го опишале американско-пакистанскиот однос како „лош брак во кој развод не е опција“, заради заедничката закана од екстремизам со која се соочени двете нации.

XS
SM
MD
LG