Линкови за пристапност

Започнаа меморијалните служби за Мекејн


Долгогодишниот сенатор почина од рак на мозокот на 81 годишна возраст

Денес во Аризона започна првата меморијална служба во чест на сенаторот Џон Мекејн, кој ја преставуваше оваа сојузна држава повеќе од 30 години.

Приватната служба ќе се одржи во ротондата на државниот Капитол во Феникс, каде подоцна јавноста ќе биде повикана да искаже почит за починатиот сенатор.

Потоа ќе уследат низа служби во Аризона и главниот град Вашингтон.

Утре во Феникс ќе биде одржана јавна меморијална служба, овој пат во присуство на официјални лица, семејството и пријателите на Мекејн.

Телото на Мекејн во петок ќе биде изложено во американскиот Капитол во Вашингтон. Претходно ќе биде одржана друга церемонија во чест на неговата владина служба.

Во саботата во Националната катедрала во Вашингтон ќе се одржи друга служба на која ќе присуствуваат и поранешните претседатели Барак Обама и Џорџ В. Буш.

Мекејн ќе биде погребан во неделата во Поморската академија во Анаполис, Мериленд.

Тој почина од рак на мозокот на 81 годишна возраст.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG