Наградата за борба за човекови права „Сергеј Магнитски“ вчера постхумно му беше доделена на американскиот сенатор Џон Мекејн.
На церемонија во Лондон, наградата ја претстави Владимир Кара - Мурза, руски опозициски политичар и борец за човекови права, кој двапти бил труен со непозната супстанца.
„Ова е признание за сенаторот Џон Мекејн, чие наследство уште долго ќе продолжи да биде инспирација за сите што се залагаат за слобода и правда“, рече Кара - Мурза.
Нагарада во чест на Мекејн ја прими неговата ќерка Меган.
„Џон Мекејн го бранеше сеќавањето за обичните граѓани со интегритет, како Сергеј Магнитски. Џон Мекејн беше силен човек. Владимир Путин е слаб човек, кој ќе биде запаметен како диктатор“, рече Меган.
Оваа награда е признание за оние што се борат за човековите права во Русија, и се доделува во чест на Сергеј Магнитски, адвокат кој беше убиен во затвор во Москва во 2009-та година.
Facebook Forum