Линкови за пристапност

Во новата книга Мекејн го напаѓа Трамп


Во прошталните мемоари, американскиот сенатор Џон Мекејн кој се бори со рак на мозокот го нападна претседателот Доналд Трамп, затоа што како што вели не се држи до американските вредности.

„Тој одби да направи разлика помеѓу активностите на нашата влада и активностите на криминалните и деспотските влади“, вели 81-годишниот Мекејн во извадок од неговата нова книга наловена како „Немирен бран: Добри времиња, само причини, големи борби и други признанија.“

„Се чини дека наводната цврстина, или цврстината прикажана како во реално шоу се поважни од било која од нашите вредности", пишува Мекејн.

Мекејн кој во 1960-тите години бил воен затвореник во Виетнам, кандидат за претседател од Републиканската партија во 2008-та година и шест пати избран за сенатор од Аризона вели дека не жали заради тоа што служи и што неговата болест го принудила ова да биде последен мандат во Сенатот.

„Јас создадов мало место за себе во приказната за Америка и историјата на моето време“ вели Мекејн во неговата книга.

Тој напиша: „Јас сум послободен од колегите кои повторно ќе се соочат со гласачите. Можам да зборувам, без да се плашам од последиците, без грижа на совеста.“

Мекејн го осуди „падот врз учтивоста, соработката и се поголемиот број опструкции“, кои ги видел во Конгресот и во политички поделениот Вашингтон. Тој рече дека има владини претставници и законодавци кои се „посветени на соочување со моменталните предизвици“. Тие можеби не се најекспонираните политичари во градот, но најчесто тие се оние кои се најпродуктивни.“

„Пред да заминам, би сакал да видам како нашата политика се враќа на целите и практиките што ја прават нашата историја различна од она на другите нации“, напиша тој.

Минатата година, Мекејн му се спротивстави на Трамп и гласаше против планот на републиканците поддржан од претседателот Трамп за укинување на политиката за здравствено осигурување која беше поддржана од поранешниот претседател, Барак Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG