Линкови за пристапност

Мекејн патува за Бурма


Мекејн патува за Бурма
Мекејн патува за Бурма

Американскиот сенатор Џон Мекејн во среда ќе ја посети Бурма за разговори со продемократскиот лидер Ен Сан Су Чи, со цел да процени колку е сериозна бурмиската влада во врска со реформите за човекови права.

Мекејн, врвен републиканец во сенатската Комисија за оружени сили е долгогодишен критичар на бурманската армиска влада и поддржувач на продемократската опозиција. Тој вели дека ќе го искористи патувањето да ја поттикне наводно цивилната влада која даде заклетва порано годинава да ослободи, според проценките, 2.200 политички затвореници од бурманските затвори.

Во вторник во Бангкок Мекејн на новинарите им кажа дека бурманската определба за реформи во областа на човековите права ќе биде мерена според тоа како владата постапува спрема турнејата на Ен Сан Су Чи низ провинциите, што следи. Тој рече дека ќе побара од владините официјални лица да и` дозволат слободно да патува.

Ен Сан Су Чи во вторник соопшти дека ќе замине на турнеја низ државата следниот месец. Тоа ќе биде нејзино прво патување од 2003-та, кога слично патување заврши со нејзино апсење.

XS
SM
MD
LG