Линкови за пристапност

Руска бригада го соборила патничкиот авион над Украина


Заедничкиот тим за спроведување истрага го објави прелиминарниот извештај за соборувањето на малезискиот авион во 2014-та година

Меѓународен тим на истаржители соопшти дека одговорноста за истрелувањето на ракетата која го собори патничкиот авион на Малезија ерлајнс над Украина во 2014-та година била лоцирана кај руска воена бригада.

Заедничкиот тим за спроведување истрага заклучил дека авионот на летот МХ-17, бил погоден од ракета Бук, која била лансирана од единица во состав на 53-та руската противавионска бригада, рече Вилберт Паулисен од Холандската национална полиција. Паулисен ова го соопшти во Буник, Холандија за време на презентацијата на прелиминарните наоди од долгорочната истрага.

Кремљ негира секаква вклученост во уривањето на авионот.

Ракетата кој го погоди патничкиот авион Боинг 777 во јули 2014-та била истрелана од мобилна лансерна рампа која била распоредена во областа во Украина, која била под контрола на про-руските сепаратисти.

Авионот летал од Амстердам до Куала Лумпур, Малезија. Во инцидентот загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, повеќето холандски државјани.

Главниот правобранител, Фред Вестербеке вели дека истражителите имаат уште многу работа да завршат, и не се подготвени јавно да ги објават имињата на осомничените.

Истражителите треба да определат дали припадниците на 53-та бригада која е стационирана во Курск, Русија биле вклучени во ракетниот напад.

Заедничкиот тим за спроведување истрага е составен од обвинители од Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина.

Холандскиот одбор за безбедност во октомври 2015-та заклучи дека авионот бил соборен од руска ракета Бук.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG