Линкови за пристапност

Почина Маја Ангелу


Поетеса, авторка на славната биографија „Знам зошто пее птицата затворена во кафез“, активистка за граѓански права...

Маја Ангелу, истакнатата американска поетеса и активистка за граѓански права, денес почина на 86-годишна возраст во Винстон-Салем, сојузната држава Северна Каролина.

Авторката на славната биографија од 1969-та, „Знам зошто пее птицата затворена во кафез“, е родум од Сент Луис, Мисури, но минала најголем дел од детството во Арканзас. Како дете била жртва на сексуален напад, и поради таа траума цели пет години не можела да говори.

За да се издржува, работела на најразлични места: како келнерка, готвачка, кондукторка, но никогаш не се откажала од пасијата по уметноста, истовремено студирајќи музика, драма и танц. Книжевната кариера на Ангелу започнала откако писателот Џејмс Балдвин и други ги слушнале нејзините приказни од детството и ја мотивирале да ги стави на хартија.

Ангелу од 1982-ра работеше како професор по американски студии на Универзитетот Вејк форест во Северна Каролина.

Во 1993-та, таа прочита своја поема на инаугурацијата на тогашниот претседател Бил Клинтон, што ја напиша на негова молба.
XS
SM
MD
LG