Линкови за пристапност

Паради, но и протести за Денот на трудот


Меѓународниот Ден на трудот е одбележан со собири, но и протести со барања на работниците, нивните влади да обезбедат подобри услови за работа.

Во Русија, на Црвениот плоштад протестираа околу 120.000 лица, додека во други делови од градот се одржа и традиционалната парада.

Во Шпанија, пак, илјадници излегоа на улиците, изразувајќи ја својата поддршка за полова еднаквост, повисоки плати и подобри пензии во преку 70 градови. Најголемиот собир беше организиран во Мадрид под слоганот „Време е да се победи“.

А во Индонезија, околу 10.000 работници се собраа пред претседателската палата во Џакарта, повикувајќи ја владата да ги зголеми примањата и да спречи таканаречено „одлевање на мозоци“.

Во САД - во Калифорнија, Њујорк, Флорида и други сојузни држави, беа организирани протести за поголеми работнички и имиграциони права.

Со собири или протести, 1-ви мај беше одбележан и во Јужна Кореја, Турција, Грција, Кабоџа, Филипините и Јужна Африка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG