Линкови за пристапност

Скратени протестите за Меѓународниот ден на трудот поради пандемијата


Граѓаните во Париз пееја на тераса, барајќи заштитни маски за работа, здравствено осигурување и поголема владина помош за невработените, а во Атина се протеститаше со држење растојание од два метра

Милиони работници во светот го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот во изолација, додека повеќе држави почнаа со отворање на бизнисите, иако пандемијата на коронавирус е далеку од завршена, јави Асошиетед прес.

Традиционалните протести се скратени поради строгите ограничувања за јавни собири, додека лидерите се обидуваат да спречат потенцијално нов бран на зараза.

Додека суштинските работници во САД денес планираа да излезат на протести да побараат подобри работни услови, граѓаните во Париз пееја на тераса, барајќи заштитни маски за работа, здравствено осигурување и поголема владина помош за невработените.

Владините мерки за изолација се одразија врз првомајското расположение и во Грција, каде граѓаните во Атина излегоа да протестираат, држејќи растојание два метра едни од други.

Протестите за Меѓународниот ден на трудот почнаа во 19. век во САД, каде оваа недела бројот на невработени Американци надмина 30 милиони.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG