Линкови за пристапност

Пентагон во обид за проширување на соработката со Индонезија и Виетнам


Секретарот за одбрана Џим Матис, со посетата на Џакарта, ја започна еднонеделната турнеја низ Азија

Само неколку дена по објавувањето на новата стратегија на Пентагон, која приоритет му даде на американското геополитичко ривалство со Кина, секретарот за одбрана Џим Матис има шанса да почне да ја спроведува.

Матис е во Џакарта, Индонезија, прва станица од еднонеделната турнеја низ Азија, во чии рамки е и посетата на Виетнам. Двете држави ги модернизираат своите воени сили и ги отфрлија експанзивните територијални претензии на Кина.

Во петокот, Матис ја претстави Националната стратегија за одбрана, каде се истакнува нов обид за пренасочување на вниманието од тероризмот кон, како што ја нарече, „големата конкуретска моќ" со Кина и Русија.

„Она што го бараме, е свет каде каде би ги решавале проблемите, а не да ја растураме довербата, не милитаризираме среде меѓународни води, не вршиме инвазија врз други земји, во случајот на Русија“, изјави американскиот секретар за одбрана Џим Матис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG