Линкови за пристапност

Матис вели дека Асад послушал


САД ја предупредија Сирија за тешки последици доколку лансира нов хемиски напад.

Секретарот за одбрана Џејмс Матис во среда рече дека изгледа оти Сирија сериозно го сфатила американското предупредување да не употребува хемиско оружје.

Неговата изјава дојде по реакцијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој рекол дека не извел никаков нов хемиски напад.

Во понеделникот портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, го предупреди сирискиот претседател дека доколку владините сили изведат друг хемиски напад „тој и неговата армија ќе платата голема цена“.

Изјавата дојде откако американското разузнување кажа дека идентификувало „потенцијално подготовки“ за друг хемиски напад во Сирија, наводи коишто сириската влада ги отфрли.

Од хемискиот напад од 4-ти април врз градот Кан Шеикун во Сирија, што бил под контрола на опозицијата, загинаа преку 80 лица. Чекорот предизвика силна критика од странските влади, вклучувајќи ги и САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG