Пакистанскиот премиер Шахид Хакан Абаси изјави дека Пакистан е посветен во борбата против теророт.
Абаси, му кажал на секретарот за одбрана на САД Џим Матис дека Вашингтон и Исламабад „делат заеднички вредности“.
Матис не даде јавно коментар за разговорот со пакистанскиот премиер.
При вчерашната посета на Каиро, Матис му изразил сочуство на египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси за неодамнешниот терористички напад во џамија, и разговарал за безбедносните прашања.
„Разговаравме за безбедност на границите, и за тоа што можеме да направиме, односно што повеќе можеме да направиме“, рече Матис.
Главен фокус на патувањето на Матис, ќе биде да изврши притисок Пакистан да ги прекине наводните врски со милитантните групи, кои ги нападнаа САД и здружените сили во Авганистан.
Во октомври, Матис рече дека САД ќе се обидат уште еднаш да работат со Исламабад, пред да преземат неопходни чекори во справување со наводната поддршка за милитантите.
Facebook Forum