Линкови за пристапност

Матис во Кабул


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис е во Авганистан. Ја потврди американската заложба за продолжување на поддршката кон јужноазиската нација, и го претстави обновениот план за воените операции, предводени од САД.

Матис одржа заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, каде се осврна на холистички пристап од САД, и други членки на НАТО со цел да се одврати Авганистан да стане прибежиште на меѓународните терористи.

„Ќе обезбедиме советници за авганистанските единици. Со тоа што додаваме нови трупи на постоечките, покажува дека не се повлекуваме од битката“, изјави првиот човек на Пентагон.

Кабул е втора станица на Матис за време на турнејата во Јужна Азија. Претходно беше во Њу Делхи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG