Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ги фалеше авганистанските сили за одржување на борбата против Талибан и покрај загубата од над илјада животи во август и септември оваа година.
На дискусија во американскиот Институт за мир тој им оддаде почит на Авганистанците за спречување на Талибан да ја преземе контролата на општинските и провинциските центри, како и за обезбедување на непречено гласање на неодамнешните избори во Авганистан.
Матис и главниот генерал на САД Џозеф Данфорд се согласни дека регионалната стратегија за политичко помирување со Талибан покажува напредок, но Матис кажа дека е многу тешко да се прифати дека напредокот и насилството се одвиваат истовремено.
Facebook Forum