Линкови за пристапност

Матис во ненајавена посета на Кабул


Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава пристигна во ненајавена посета Кабул, Авганистан. Најновите настани се опишани како вообичаена пракса и дека нема специфична агенда, но посетата се случува во време на притисок врз авганистанските Талибанци да седнат на преговарачка маса.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани за време на конференција на крајот од минатиот месец, рече дека го претставува таканаречениот Кабулски процес, што инволвира претставници на 25 земји, заедно со САД и НАТО - како план за мировни преговори со Талибан. Тој нуди политичко решение, со кое ќе им се помогне во отстранување на нивните имиња од меѓународните листи за санкции, ќе им даде пасоши, работа и политичка канцеларија во Кабул ако го осудат насилството и преговараат.

Талибанците се` уште официјално не одговориле.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG