Линкови за пристапност

Првиот човек на Пентагон во ненајавена посета на Авганистан


Матис се очекува да се сретне со американскиот генерал Џон Николсон, кој ги предводи меѓународните сили во Авганистан, како и со авганистанскиот претседател, Ашраф Гани

Секретарот за одбрана Џејмс Матис пристигна во ненајавена посета на Авганистан, каде со политичките и армиски претставници, ќе разговара за безбедносната ситуација во земјата.

Матис се очекува да се сретне со американскиот генерал Џон Николсон, кој ги предводи меѓународните сили во Авганистан, како и со авганистанскиот претседател, Ашраф Гани.

Посетата се случува неколку дена откако 10-тина талебански милитанти, убиле најмалку 140 лица. Ова важи за најсмртоносниот напад врз авганистанска воена база последниве 16 години.

Талебан ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека е одмазда за неодамнешните убиства на негови гувернери во сенка за провинциите Кундуз и Баглан. Авганистанската влада го истражува инцидентот.

Воедно, првиот човек на Пентагон во Авганистан е во време кога Авганистанците од претседателот Гани наредниве неколку недели очекуваат да го обелодени 4-годишниот безбедносен план за државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG