Линкови за пристапност

Нимиц без нов предлог но со идеи


Најголем дел од официјалните средби се закажани за утре

Посредникот во грчко-македонските разговори за името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц, попладнево допатува во Скопје во нов обид да помогне двете држави да го надминат дведеценискиот спор што ја кочи интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури.

Нимц кажа дека пристигнал без нов конкретен предлог, но со идеи.

„Штотуку пристигнав, ги очекувам средбите и дискусиите со владата. Најголем дел од официјалните средби се закажани за утре, но можеби ќе имам приватни средби денеска“, ијазви кусо Нимиц за медиумите.

По средбите во Скопје, Нимиц ќе замине утре во Атина, на разговори со грчкото раководство.

При последната посета, Нимиц предложи компромисното име да биде со географска одредница што би била ставена пред зборот Република. На овој предлог. како што соопшти, тогаш забелешки имале владите во Скопје и Атина, околу тоа каде да стои одредницата и опсегот на употреба на новото име.

Нимиц доаѓа во нов обид за надминување на спорот по зголемениот интерес на меѓународните фактори за решавање на отворените прашања во регионот, а во пресрет на септемврискиот самит на НАТО во Велс. Канцеларката Ангела Меркел во Дубровник неодамна ја нагласи заинтересираноста на Германија за решавање на спорот меѓу Грција и Македонија и притоа не ја исклучи можноста германската дипломатија да има влијание во тој процес.

XS
SM
MD
LG