Постојат многу теории за тоа што ги мотивира учесниците во масовните убиства. Се смета дека една заедничка е дека секој од нив е ментално болен.
Но, нова студија на Федералното истражно биро (ФБИ), вели дека тоа не мора да биде 100 проценти точно, бидејќи голем број напаѓачи се без таква дијагноза.
Неодамна објавената студија, вршела анализа врз 63-ца активни убијци меѓу 2000-та и 2013-та година, фокусирајќи се на нивното однесување пред да ги извршат нападите.
Додека поголемиот број од нив имале таканаречени поттикнувачи за нарушувања на менталното здравје, како анксиозноста и депресијата, истражувачите откриле дека само 25 проценти од напаѓачите имале поставено дијагноза дека се ментално болни (од кој било вид на болеста), од професионално лице, пред да посегнат по оружјето. Од дијагностицираните, тројца имале психотично растројство, состојба којашто понекогаш е поврзана со насилство.
Ова не е прва студија во обидите да не се поврзуваат масовните убиства со менталната болест, но идејата дека сите масовни убијци се ментално болни, и натаму важи, а според ФБИ, тоа е „погрешно и бескорисно“.
Студијата е спроведена во услови на епидемија на масовни убиства во САД. Само минатата година, според оваа агенција, во државата имало 30 вакви инциденти.
Но, доколку менталната болест не е предвесник дека ќе се случи масовно убиство, тогаш има и други потенцијални симптоми на нарушување на менталното здравје, интерперсонални интеракции, непромисленост, фокус на насилство на медиумите и физичка агресија.
Студијата покажа дека сите, освен тројца од напаѓачите коишто се следеле, пред нападот покажале најмалку две од овие однесувања.
Било откриено и дека повеќето од напаѓачите до оружјето дошле по законски пат. Во 40 отсто од случаите, овие лица законски купиле огнено оружје со конкретна цел да извршат напад. 30 проценти веќе поседувале оружје, а само 2 отсто купиле огнено оружје илегално и 6 отсто го украле, покажа ова истражување.
Студијата на ФБИ можете да ја најдете на следниов линк:
https://www.fbi.gov/file-repository/pre-attack-behaviors-of-active-shooters-in-us-2000-2013.pdf/view]
Facebook Forum