Линкови за пристапност

Проблемот со масовните убиства во САД


Магазинот „Мадер Џонс“ наведува дека од 1982-ра, во САД имало најмалку 61 масовно убиство, дефинирано од властите како инцидент со огнено оружје во кој напаѓачот убил четири или повеќе лица, вообичаено на една локација.

Масовните убиства во САД, како што е петочниот инцидент во Основното училиште Сенди хук во местото Њутаун, Конектикат, станаа проблематичен и повторителен факт на секојдневието во САД.

Во јули годинава, студент со психолошки проблеми отвори оган на полноќната премиера на филмот Бетмен во кино-сала во Колорадо. Загинаа 12 лица. Неполн месец подоцна, армиски ветеран уби шест лица во храм на Сиките во Висконсин.

Како и петочниот инцидент, масовните убиства често се случуваат во навидум мирни средини. Вооружен напаѓач усмрти шест лица, а повреди 13 - меѓу нив и конгресменката Габриела Гифордс - додека таа се среќаваше со гласачи пред супермаркет во Аризона.

Во 2009-та, армиски психијатар уби 13 лица - некои војници, некои цивили - во армиска база во Тексас.

Две години претходно, студент на Универзитетот во Вирџинија уби 32-ца во просториите на образовната установа. Во 1999-та, двајца ученици во средно училиште во Колорадо убија 12 соученици и еден наставник.

Магазинот „Мадер Џонс“ наведува дека од 1982-ра, во САД имало најмалку 61 масовно убиство, дефинирано од властите како инцидент со огнено оружје во кој напаѓачот убил четири или повеќе лица, вообичаено на една локација.

Масовните убиства беа причина некои конгресни претставници да побараат построга легислатива за контрола на огненото оружје. Но, властите само во неколку наврати усвоија нови закони, затоа што Уставот на САД го гарантира правото на носење на оружје. Според Мадер Џонс, во масовните убиства последниве 30 години биле употребени 139 парчиња на оружје, од кои повеќе од три четвртини биле набавени легално.
XS
SM
MD
LG