Линкови за пристапност

Берлин очекува да се одржи дадениот збор за Скопје, порача Хајко Мас


Хајко Мас смета дека барањето на Франција за реформи во ЕУ не смее да биде услов за Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Германскиот министер за надворешни работи смета дека барањето на Франција за промена на методологијата на пристапување во никој случај не смее да биде услов за натамошните евроинтеграции на државата

Најмоќната членка на ЕУ уверува дека никој во Унијата не го доведува во прашање пристапувањето на Северна Македонија. Германија, преку својот шеф на дипломатијата, денеска во Скопје јасно порача дека местото на земјата е во Европа, и дека ќе го поддржи тој процес како и досега.

Хајко Мас вели дека Берлин очекува да се одржи дадениот збор и за Скопје, но и за Тирана, образложувајќи дека безбеден и сигурен Балкан е стратешки интерес и на Германија и на Унијата.

Германскиот министер за надворешни работи смета дека барањето на Франција за промена на методологијата на пристапување во никој случај не смее да биде услов за натамошните евроинтеграции на државата.

„Се изготуваат предлози, но се` уште немам видено конечен документ. За нас, за Берлин е важно предлозите да не предвидуваат некој клучна промена дека се менува нешто клучно. Реформата на овој процес е сложено прашање за ЕУ. Сметам дека Северна Македонија и Албанија се длабоко навлезени во процесот на пристапување и дека треба да има одлука за почеток на преговори. Подготвени сме да зборуваме за промени во методологијата. Но, не сакаме оваа дебата што ќе се води во ЕУ да биде услов за Северна Македонија да почне преговори“, изјави Мас.

Димитров смета дека Македонија има три аргументи зошто заслужува почеток на преговори за кои засега нема одлука во Унијата, пред се` поради ставот на Франција прво да се промени процесот на пристапување, па потоа да се продожи со него.

„Прво многу долго чекавме, второ кандидатка сме од 2004, а добивме препорака од 2009. Но, самото чекање не е добро. Ние сме земја која помина низ една политичка криза, која доведе до авторитаризам. Многу направивме во изминатите две и пол години, и ако има европска енергија на слобода и на демократија на Балканот тоа сигурно е во Северна Македонија. Трето решивме едно од нерешливите прашања со соседите“, рече Димитров.

Мас доаѓа во Скопје ден по средбата на Емануел Макрон со Стево Пендаровски во Париз, на која францускиот претседател уверувал дека неговата намера никогаш не била на Македонија да и` понуди алтернатива за членството во ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG