Линкови за пристапност

Масовно пукање во Балтимор – голем дел од застреланите се тинејџери


Две од 30 застрелани загинаа
Две од 30 застрелани загинаа

Триесет луѓе беа застрелани на забава рано во неделата во Балтимор, во источната американска држава Мериленд.

Две од жртвите, 18-годишна жена и 20-годишен маж починаа.

Некои од преостанатите 28 беа пренесени во болниците, а дел од нив пешачеа до блиските болници. Повеќето од ранетите се тинејџери.

Тројца од ранетите се во критична состојба.

Вршителот на должноста полициски комесар Ричард Ворли рече дека најмалку две лица отвориле оган, но полицијата не е сигурна дали стрелците биле насочени кон луѓе или пукале неселективно.

Весникот Балтимор Сан објави дека инцидентот е „најверојатно најголемото пукање во историјата на Балтимор“.

„На Мериленд и е доста од гледањето на насилството со огнено оружје како продолжува да ја пустоши нашата држава и нашата нација. Фактот дека овие ужасни пукотници продолжуваат да се случуваат е одвратен. Ние како држава ќе продолжиме да правиме се што можеме за да спречиме бесмислени акти на насилство“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур.

Полицијата почна да прима повици за пукотници веднаш по полноќ во неделата.

Неколку часа претходно, соседите на Бруклин Хомс се собраа на забава на која се печеше и служеше храна.

Вечерта одекнаа истрелите. Тери Браун, кој живее во близина за Сан изјави: „Тоа беа многу деца. Беше хаос“.

Градоначалникот на Балтимор Брендон Скот за Си-Ен-Ен изјави дека пукањето ја нагласува „потребата да се справи со пристапот“ до оружје не само во Балтимор, туку и низ целата земја.

XS
SM
MD
LG