Линкови за пристапност

Џорџија им забрани на градските власти да воведуваат задолжително носење маски


Гувернерите со различни пораки, како што се зголемува бројот на заразени во САД

САД регистрираа рекордно висок број на заразени во еден ден, преку 75.000 лица, објави „Њујорк тајмс“.

Гувернерите на сојузните држави, пак, продолжуваат да даваат различни пораки за тоа како треба да се справуваат со пандемијата.

Сојузната држава Алабама нареди сите граѓани задолжително да носат маски, заклучно со вчера, откако беа регистрирани речиси 50 смртни случаи во еден ден.

Монтана, пак, воведе обврска за носење маска во затворен јавен простор во окрузи, каде четири или повеќе лица се тестирани позитивни на КОВИД-19.

Џорџија, пак, која забележа речиси 3.900 нови случаи, или втор највисок рекорд од почетокот на пандемијата, издаде нова наредба, со која изрично им забранува на градовите да воведуваат нивни наредби за носење маска.

Некои градски власти, како на најголемиот град Атланта, претходно се спртивставија на наредбата на сојузната држава, и воведоа задолжително носење маски. Тие сега повторно реагираат на новата одлука.

Прв гувернер кој е тестиран позитивен на коронавирус е на сојузната држава Оклахома Кевин Стит, кој присутствуваше на предизборниот собир на претседателот Доналд Трамп во Тулса минатиот месец.

Тој нема воведено задолжително носење маска во неговата сојузна држава.

Во моментов, Флорида е една од сојузните држави со најголемо зголемување на бројот на заразени, како и Аризона, Тексас и Калифорнија.

Универзитетот на Вашингтон има проекции дека бројот на лица кои ќе починат од КОВИД-19 ќе достигне 224.000 до први номеври, 16.000 повеќе во споредба со првичната прогноза.

САД сега имаат повеќе од 3,5 милиони заразени, и повеќе од 138.000 смртни слуачи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG