Линкови за пристапност

САД имаат еден процент од потребните маски за коронавирус


Надлежните велат дека се потребни 3.5 милијарди маски и респиратори за една година

Официјалните лица на САД велат дека државата има еден процент од 3.5 милијарди медицински маски и респиратори, потребни за една година справување со коронавирусот.

Арика Трим, директорка на Асоцијацијата на американски болници, за Гласот на Америка, изјави дека болниците низ државата сега внимателно ги користат ресурсите.

„Болниците ги групираат пациентите соодветно, за да се сочува заштитната опрема“, рече таа.

Докторите, медицинските сестри и останатиот медицински персонал, наводно користеле заштита која сами требале да ја направат, со цел да се справат со недостигот на заштитна опрема.

Како што ескалира ситуацијата со ширење на вирусот во светот, кинеската Влада почна да испраќа помош во Иран, Јужна Кореја, Јапонија и во Италија.

Во САД, админстрацијата на Трамп се обидува да го зголеми домашното производство на заштитни маски, за што е потребно да се изгради машина што, пак, ќе трае шест месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG