Линкови за пристапност

Уапсен осомничениот кој планирал терористички напад во близина на Вашингтон


Обвинителите се сомневаат дека бил инспириран од нападот на Исламската држава во Ница во 2016

28-годишниот Рондел Хенри од сојузната држава Мериленд е упасен, под сомнение дека имал план да прегази пешаци со камион, инспириран од Исламската држава.

Тој денес се очекува да се појави на суд. Федералните обвинители велат дека не постојат услови под кои Хенри би можел да биде ослободен и да се осигура дека тој би се појавил во суд, нагласувајќи дека тој претставува закана за заедницата.

Обвинителите велат дека Хенри украл камион од трговски центар во главниот град на САД Вашингтон минатиот месец, и возел наоколу барајќи цели за териристички напад, но, оти не нашол доволно луѓе на едно место за да го изврши нападот, поради што одлучил да чека.

Надлежните велат дека Хенри планирал да прегази патници со украдениот камион. Тој наводно и` рекол на полицијата дека планирал да продолжи да вози, без да застане.

Обвинителите велат дека Хенри бил инспириран од нападот на Исламската држава во 2016 година во Ница, Франција, при што со камион беа прегазени 86 лица.

Велат дека Хенри имал „омраза за оние што не ја практикуваат муслиманската вера“, и оти сакал да ги надмине борците и бунтовниците на Исламската држава во странство, кои обезглавуваат цивили.

Засега, Хенри се соочува со обвинение за меѓудржавен пренос на украдено возило, и не е јасно дали ќе се соочи со дополнителни обвиненија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG