Линкови за пристапност

Жена уби најмалку три лица во дистрибутивен центар во Мериленд


Maryland Shooting
Maryland Shooting

Најмалку три лица се убиени, а неколку повредени во вооружениот напад во дистрибутивниот центар на синџирот аптеки „Рајт еид“ во североисточниот дел на сојузната држава Мериленд, соопштија властите.

Полициски службеник изјави дека бројот на убиените е заснован на прелиминарни информации.

Напаѓачот е приведен и се наоѓа во критична состојба, изјави на прес конференција шерифот на округот Харфорд, Џефри Галер. Тој истакна дека напаѓачот користел пиштол.

Нападот се случи по речиси три месеци откако вооружено лице изврши напад во редакцијата на локален весник во Анаполис, Мериленд, при што беа убиени пет вработени.

Гувернерот на Мериленд Лари Хоган на Твитер напиша дека неговата канцеларија ја следи ситуацијата и дека сојузната држава е подготвена да понуди каква било поддршка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG