Линкови за пристапност

Споменикот на Мартин Лутер Кинг-сведок за борбата за човекови права


Споменикот на Мартин Лутер Кинг-сведок за борбата за човекови права
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

САД денес го одбележуваат роденеденот на активистот за правата на Афроамериканците, како национален празник

Денес САД го слават националниот празник Мартин Лутер Кинг, во чест на борецот на човекови права, чиј роденден се одбележува секоја година, третиот понеделник во јануари.

Актот за граѓански права во САД, кој уследи по борбата за човекови права на Мартин Лутер Кинг, стави крај на расната сегрегација на јавните места, како рестораните, театрите, училиштата, библиотеките и базените.

Споменикот изграден во негова чест, се наоѓа на авенијата Независност 1964, име што го добила според Актот за граѓански права потпишан во 1964-та, благодарение на Мартин Лутер Кинг.

Тој е првиот Афроамериканец што добил споменик на Националното шеталиште во Вашингтон, и четвртти по ред, кој не е претседател, а чие дело било одбележано на ваков начин.

Кинг е олицетворение на борбата на Афроамериканците за еднкави права пред половина век. На маршот во Вашингтон во 1963-та година, тој го одржа неговиот историски говор „Јас имам сон“, пред 250.000 луѓе.

Овој говор бил инспирација за изградба на неговиот споменик: „ Од планината на очај, камен на надеж“.

Таа „планина“ е висока девет метри, од која е направен „каменот на надежта“. Портретот на Кинг е свртен кон споменикот на претседателот Томас Џеферсон.

Споменикот е дизјаниран од кинескиот скулптор Леи Шин, кој што бил избран помеѓу илјадници.

Опкружен е со ѕид, на кој се изгравирани познати цитати на Кинг. Овој е од неговиот говор од 1964-та за Нобеловата награда за мир:

„Верувам дека голата вистина и безусловна љубов ќе го имаат последниот збор во реалноста. Токму затоа вистинскиот и привремено поразен, е посилен од триумф на злото“.

А овие зборови, Кинг ги напишал додека бил во затвор во Алабама, по протестите за човекови права:

„Неправда каде било е закана за правдата секаде“.

Скулптурата на Кинг е делумно недовршена, која го симболизира неговиот живот одземен во 1968-та година, кога имал 39 години.

Но, Мартин Лутер Кинг го промени правецот на американската историја, и неговите верувања се` уште се инспирација за сите што се залагаат за дигнитет и правда во светот.

XS
SM
MD
LG