Линкови за пристапност

Во САД се слави празникот Мартин Лутер Кинг


Тој е централна фигура на движењето за човекови права во 1950-те и 60-те, инспирирајќи милиони луѓе со својот историски говор „Јас имам сон“

Денес е национален празник во Америка и низ целата земја се одбележува роденденот на борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг.

Мартин Лутер Кинг стана познат во 1955-та година со водството на бојкотот на јавните автобуси во Монтгомери, Алабама, принудувајќи го градот да стави крај на практиката на сегрегација на Афро-американската популација. Тој стана централна фигура на движењето за човекови права во 1950-те и 60-те години, инспирирајќи милиони луѓе со својот говор „Јас имам сон“ во 1963 година, за време на маршот во Вашингтон.

Тој е добитник на Нобелова награда за мир во 1964 година, истата година кога законот за граѓански права беше потпишан од страна на претседателот Линдон Џонсон.

Мартин Лутер Кинг беше убиен на 4-ти април 1968 година во Мемфис, Тенеси, кадешто престојувал за да им помогне на афро-американските работници, собирачи на ѓубре, во барањето да имаат еднакви плати.

XS
SM
MD
LG