Линкови за пристапност

Ако Американците денес ги следат идеалите на Мартин Лутер Кинг, ќе се надминат поделбите, порача Пенс


Фото (АП): Претседателот на САД Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс на одбележувањето мината година
Фото (АП): Претседателот на САД Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс на одбележувањето мината година

Денешниот ден е државен празник во САД, а се одбележува со настани кои ја отсликуваат борбата за расна еднаквост во минатото, јави Асошиетед прес

САД денес се сеќаваат на ликот и делото на Мартин Лутер Кинг Јуниор, американски лидер за правата на граѓаните.

Денешниот ден е државен празник во САД, а се одбележува со настани кои ја отсликуваат борбата за расна еднаквост во минатото, јави Асошиетед прес.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, вчера зборуваше во црква во Мемфис, Тенеси, истакнувајќи ги предизвиците и достигнувањата на Мартин Лутер Кинг Јуниор.

Претходно, тој го посети Музејот за граѓански права, каде Мартин Лутер Кинг Јуниор беше застрелан на 4-ти април 1968 година.

Пенс истакна дека ако Американците се посветат на идеалите на Кинг, полесно ќе се надминат денешните поделби, целејќи кон посвршено општество и можности за секого.

Јавните анкети минатата година, покажаа дека повеќе од 80 проценти од Афроамериканците сметаат оти потезите на претседателот на САД Доналд Трамп придонеле да се влоши нивната состојба, додека 4 отсто од нив се изјаснија дека се задоволни од работата на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG