Линкови за пристапност

Борбата за граѓанските права не е завршена


Борбата за граѓански права не е завршена
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

САД денес одбележуваат 50 години од убиството на борецот за граѓански права Мартин Лутер Кинг

Многу од правата за кои се бореа активистите во 1968-та година остануваат прашање и денес - 50 години по убиството на лидерот за граѓанските права Мартин Лутер Кинг.

Во негова чест денес е федерален празник во САД - граѓани, туристи и организирани тури се поклонуваат пред неговиот споменик во Вашингтон. Сите со ист став - борбата продолжува.

„Се` уште постои притисок, но, верувам дека е направен прогрес, иако можеби не се наоѓа на највиско можно ниво“, вели граѓанин.

Друг посетител вели дека многу работи за кои Мартин Лутер Кинг се борел во минатото, се уживаат денес.

„Не` охрабри да продолжиме да постигнуваме напредок на сите полиња“, смета тој.

Туристка во Вашингтон, која дошла по повод празникот, пак, верува дека Мартин Лутер Кинг би бил, и среќен и тажен, ако денес се` уште бил жив.

„Среќен поради големи промени кои се направени во афроамериканската култура и историја, но, и тажен бидејќи одредени прашања не се променети уште од 60-те, кога тој не` напушти - пониски примања за жените и неквалитетно здравствено осигурување“, убедена е таа.

Настани од борбата на Мартин Лутер Кинг, кои ги нема во книгите по историја, а се забележани од медиумите и се особено значајни за приказната од 1968-та година, се прикажани во изложба во Њузеумот во Вашингтон.

Пети Рул, директорка на изложбата, верува дека нееднаквиот третман и политичкото наслиство врз Афроамериканците денес е голем проблем во САД.

„Оваа изложба е особено значајна затоа што открива прашања од минатото со кои денес се` уште се соочуваме – полициско насилство врз цивили, особено Афроамериканци, исто како што беше ситуација во 1968-та година“, вели Рул.

Нема одговор ниту на прашањето дали борбата за граѓански права е завршена или не.

„Секако дека денес има големо движење по ова прашање, а пример за тоа е и неодамнешниот протест на спортистите, за време на интонацијата на американската химна. Целата беше да и` кажат на Владата дека многу од нејзините ветувања не се исполнети, особено кон Афромариканците“, рече Рул.

Оваа изложба го одбележува и убиството на претседателот Џон Кенеди - уште еден симбол за социјална правда, како и протестите во Мемфис и револтот на спортистите во тоа време.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG