Линкови за пристапност

Нова студија: вода покривала една третина од Марс


Нова студија: вода покривала една третина од Марс
Нова студија: вода покривала една третина од Марс

Американски стручњаци веруваат дека преку една третина од Марс некогаш била покриена со огромен океан.

Научниците од Универзитетот Колорадо, кои истражувале фотографии од Марс направени од американски и европски летала, во журналот “Природа – геонаука“ наведуваат дека, површините што на прв поглед наликуваат на устија на реки и мрежа од долини сугерираат дека поголемиот дел на северната хемисфера на Марс своевремено бил покриен со вода.

Па сепак, нивното истражување не дава одговор што се има случено со водата.

Некои научници веруваат дека под површината на Марс можеби и натаму постои вода или мраз, што значи дека своевремено на Срвената планети можело да има живот.

XS
SM
MD
LG