Линкови за пристапност

На Марс постоел систем на подземни езера


Научниците велат дека фотографиите од кратерите направени од европските и американските вселенски сонди покажуваат дека најверојатно некогаш на Марс постоел систем на подземни езера.

Според студијата направена од истражувачи од Италија и Холандија, а објавена во списанието Journal of Geophysical Research податоците од сондите на НАСА и Европската вселенска агенција кои орбитираат околу црвената планета нудат геолошки докази за подземните води на Марс.

Идејата за вода на Марс одамна ги фасцинира научниците заради можноста дека таму некогаш имало слични услови како оние кои овозможиле развој на живот на Земјата.

Остатоците од мраз регистрирани на Марс навестија дека некогаш имало вода на црвената планета.

Истражувачите велат дека со помош на вода биле создадени каналите и долините кои се видливи во длабоки кратери во северната хемисфера на Марс.

Истражувачите исто така забележале знаци на постоење на глина на Марс, која била создадена од долги периоди на изложеност на вода.

(Асошиетед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG