Линкови за пристапност

Се качија цените на акциите на американските берзи


Инвеститорите денес пооптимисти дека мерките кои САД и останатите држави ги преземаат ќе ја стимулираат економијата

Цените на акциите на американските берзи денес се повисоки, како резултат на оптимизмот на инвеститорите дека мерките кои САД и останатите држави ги преземаат, ќе ја стимулираат економијата.

Индексот Дау Џонс е повисок за 0.83 проценти, додека Насдак Композит се качи за 1.3 проценти.

САД и останатите држави им даваат на инвеститорите поволни економски пакети за да се намали загриженоста, како и да помогнат да се спречи глобална рецесија, која многу економсти ја предвидуваат.

Сенатот на САД предложи економска помош од еден трилион долари, ден откако Европската централна банка најави програма од 819 милијарди долари, за да се заштити еконoмијата во еврозоната од последиците од КОВИД-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG