Линкови за пристапност

Европските берзи со пониски цени на акциите


Берзите во Азија, пак, забележаа раст, откако компанијата Модерна објави позитивни резултати од првичните тестови за можна вакцина против коронавирусот

Растот на цените на акциите на берзите во Азија на почетокот на неделава не се одрази врз европските берзи, каде индексите во Лондон и Франкфурт паднаа за 0,4 проценти, додека индексот во Париз за 0,7 проценти.

Растот на азиските берзи се случи откако биотехнолошката компанија Модерна, со седиште во САД, соопшти дека првичните тестови за производство на можна вакцина против коронавирусот, покажале позитивни резултати.

Компанијата рече дека ќе направи ново тестирање во јули, за да утврди дали вакцината е безбедна и ефективна.

Сепак, трите најголеми американски индекси денес бележат незначителен пад.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG