Трендот на пораст на азиските берзи во понеделникот се прошири во Европа, бидејќи се зголемуваат надежите дека пандемијата на коронавирусот се намалува.
Британскиот индекс порасна за 2%, дедека за францускиот и германскиот за нешто над 3%.
Добрата вест во Европа следеше по позитивното затворањето на Азиската берза, неколку часа порано.
Добрата вест во Европа следеше по позитивното затворањето на Азиската берза
Индексите во Јапонија и Австралија денеска беа за 4,2% повисоки од петокот, додека индексот во Јужна Кореја се зголеми за скоро 4%, а во Хонг Конг за 2,2% повисок.
Инвеститорите се чини дека се охрабрени од забавувањето на пандемијата, односно забавувањето на порастот на бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Њујорк, Шпанија и Италија.
Facebook Forum