Линкови за пристапност

Пад на берзите поради зголемениот бројот заразени лица во светот


Поголемиот дел од светските берзи денес бележат пад, поради зголемениот број на случаи на коронавирус на глобално ниво.

Јапонскиот индекс Никеи падна за 0,5 проценти, индексот на Хонгконг за 0,4 проценти, додека Шангајскиот има добивка од 0,3 проценти.

Падна и индексот на Јужна Кореја, додека на Тајван се искачи за 0,6 проценти.

Индексот во Лондон е понизок за 0,3 проценти, во Париз за 0,8 проценти, а во Франкфурт за 0,4 проценти.

Политичкиот застој во САД околу новиот финансиски пакет за милиони Американци кои останаа без работа поради пандемијата, исто така, се одрази врз берзите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG