Линкови за пристапност

Раст на цените на акциите на светските берзи


Ваквата ситуација е резултат на мерките на владите и централните банки за спас на економијата

Цените на акциите на светските берзи денес се зголемија, откако американските лидери најавија голема финансиска помош за справување со коронавирусот.

Јапонскиот индекс Никеи заврши со осум проценти, индексот во Хонгконг со четири проценти, додека шангајскиот индекс се зголеми за два проценти.

Европските берзи, исто така, забележаа раст, а ваков тренд се очекува и кај безрите во САД.

Несигурноста како резултат на пандемијата се одразува врз берзите со месеци, намалувајќи ги цените на акциите, додека владите и централните банки се обидуваат да воведат мерки за спас на економијата. Мѓ

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG