Инвеститорите денес слават голем пораст на акциите на азиските берзи, како резултат на мерките што централните банки ги презедоа за поддршка на економиите по ширењето на коронавирусот.
Јужнокорејскиот индекс Коспи порасна за повеќе од осум проценти, додека јапонскиот Никеи за седум отсто.
Индексите во Австралија и Хонгконг се за четири отсто повисоки, а шангајскиот за повеќе од два проценти.
За пет проценти се зголеми и индексот во Франкфурт, како и индексите во Лондон и Париз, кои пораснаа за речиси четири проценти.
Федералните резерви на САД најавија дека лансираат голема програма за купување во различни инвестиции, со цел да ја одржат економијата, а слични економски мерки најавија и Јужна Кореја и Јапонија.
Facebook Forum