Линкови за пристапност

Марихуаната и дијабетисот


Нова студија сугерира дека билката има позитивен ефект на шеќерот во крвта

Марихуаната со векови е користена за олеснување на болки, за подобрување на расположението и зголемување на апетитот. Нова студија сугерира дека билката исто така има позитивен ефект на шеќерот во крвта, сугерирајќи дека би била корисна за контрола на дијабетисот.

Истражувачите анализирале податоци собрани од над 4,600 пациенти кои пополниле прашалник за користење дрога и дале примероци на крв. Речиси половината никогаш не користеле марихуана, околу 2,000 други користеле во минатото и останатите биле актуелни корисници.

Учесниците кои пријавиле дека користеле марихуана претходниот месец имале најмало ниво инсулин и највисоко ниво на „добар“ холестерол – што индицира помал ризик за дијабетис и срцева болест.

Студијата исто така нашла дека корисниците на марихуана имале воглавно помала половина. Поголем обем на половината, што типично се поврзува со дебелина, е поврзан со ризик од дијабетис.

Иако американската влада ја забрани марихуаната во 1937, нејзиното користење продолжи, со проценка дека 17.4 милиони Американци редовно или повремено ја конзумираат. Две држави неодамна го легализираа рекреативното користење на марихуаната и речиси половина од државите во САД и градот Вашингтон ја легализираа или декриминализираа употребата на марихуана за медицински потреби, за пациенти кои страдаат од глаукома или ефекти на хемотерапија или СИДА и ХИВ.

Оваа нова студија, што се појави во Американскиот журнал за медицина, ја истакнува потребата за поголеми истражувања за долготрајните ефекти на марихуаната во различни клинички услови.
XS
SM
MD
LG