Линкови за пристапност

Никогаш нема да те заборавиме - фановите се простуваат од Марадона


Кофчегот на Марадона e покриен со знамето на Аргентина и неговиот дрес со број 10

Арегентинците се собираат во близина на претседателската палата, каде се одржува погребот на фудбалската ѕвезда Диего Марадона.

Илјадници фанови се соочија со полициски офицери и долги редици за да му оддадат почит на легендарниот фудбалер, кој почина како последица на срцеви и белодробни проблеми. Тој имаше 60 години.

Кофчегот на Марадона e покриен со знамето на Аргентина и неговиот дрес со број 10. Пристап на јавноста беше дозволен од 6:15 часот утринава, локално време, по неколку часови приватност на семејството и блиските пријатели.

Според агенцијата Ројтерс, семејството се надева да го погреба Марaдона вечерва на гробишта во близина на Буенос Аирес, каде се погребани и неговите родители.

Социјалните медиуми се преплавени со посвети за Марадона, меѓу кои некои напишаа „Благодарм за се` Диего“ и „Никогаш нема да те заборавиме“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG