Линкови за пристапност

Камбовски - нов претседател на МАНУ


Камбовски - нов претседател на МАНУ
Камбовски - нов претседател на МАНУ

„Реформските процеси започнати и во овој четиригодишен период ќе продолжат и понатаму. Тие опфаќаат засилување на научно-истражувачката работа, проширување на составот на МАНУ со дописни членови и остварување на законските задачи кои во наредниот период треба да бидат кренати на повисоко рамниште, бидејќи тоа го бара новото време“, изјави новоизбраниот, деветти по ред, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академикот Владо Камбовски.

Професорот по кривично право д-р Камбовски, кој беше и единствен кандидат за функцијата, доби 26 гласови - за, од вкупно 41 член на акадамиците и тој на чело на „бесмртниците“ во најпрестижната научна институција во државата ќе биде следните четири години. Од почетокот на следната година Камбовски на функцијата ќе го замени академикот Георги Старделов, кој беше претседател на МАНУ од јануари 2008.

Во својата прва изјава по изборот, академикот Камбовски потенцираше дека МАНУ ќе има „и лесна и тешка задача“. Според него задачата на Академијата ќе и` биде олеснета со континуитетот со досегашната работа, која академиците позитивно ја оценија, а потешкиот дел во следните активности на МАНУ, е нејзиното реформирање и прилагодувањето на Академијата на предизвиците на новото време.

XS
SM
MD
LG