Претседателот Џејкоб Зума му посака на Мандела среќан роденден со писмена изјава во која стои дека Јужна Африка е горда што меѓународниот симбол на борбата против апартхејдот може да го нарече свој.
Мандела е хоспитализиран повеќе од еден месец заради повторителна инфекција на белите дробови. Официјални лица неговата состојба ја опишуваат како „критична, но стабилна“.
Јужноафриканците имаат планирано големи свечености за неговиот роденден во четврток, ден кој е означен како меѓународен ден на служба.
За денот познат како „Ден на Мандела“ од луѓето се бара да им дадат 67 минути од нивното време за доброболна активност, или една минута за секоја година што тој ја посветил на борбата за социјална правда.
Американскиот претседател Барак Обама, кој ја посети Јужна Африка минатиот месец, во соопштение доцна во среда кажа дека луѓето насекаде му оддаваат почит на Мандела за „следење на сопствениот пример“ преку акти на служба за други.